ВМРО-ДПМНЕ: Колку минимални плати потроши Трпе Деаноски на спортски игри во Црна Гора, и дали за него тим билдинг значи луксузирање на грбот на членството на УПОЗ?

Трпе Деаноски, кој го предводи синдикатот УПОЗ организираше четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора. Ова патување чинело околу 60.000 евра, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, ова патување е финансирано од чланарините кои членовите на УПОЗ, редовно ги плаќаат, од нивната плата.

Деаноски е познат на јавноста по тоа што постојано говори дека се бори за работниците, како и за покачување на нивните плати.

Како точно Деаноски се бори за работниците кога троши 60.000 евра во туристички комплекс за 4 дена во Црна Гора?

Дали членовите на УПОЗ се запознаени со тоа дека Деаноски ги троши нивните чланарини за луксузирање во Црна Гора?

Деаноски, доколку веќе одржува спортски игри, можел да одлучи да го спроведе тоа некаде во земјава и средствата да останат во домашниот туризам.

Но, исто како Слободан Трендафилов, и Трпе Деаноски живее во филмот на синдикален елитизам и се луксузира.

Трпе Деаноски да одговори колку минимални плати потроши за четири дена луксузирајќи се во Чањ и зошто не беше целосно транспаретен за оваа екскурзија, се вели во соопштението на партијата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content