(ВИДЕО) Само Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев

Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо верува на политиките на Радев дека уставните измени се последната препрека за нашиот влез во ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, не само што уставните измени не е последната препрека, туку не е ниту последно барање на Бугарија. На видео од 2019 година, слушаме како сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија. Ова е од периодот кога Филипче и Заев се власт и секако немаа никаква осуда за овој говор на Радев, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Филипче да одговори, дали го има гледано ова обраќање на Радев и дали смета дека само Бугарите во Устав е проблемот кој се надзира?

-Уставните измени се само првиот од многуте барања кои ги имаат Бугарите, а се однесуваат на бугаризација на наши историски ликови како Гоце Делчев, Кирил и Методиј, Јане Сандански, негирање на идентитетски разлики, негирање на македонскиот јазик и култура, како и менување на комплетната историја на Македонија, посочуваат од партијата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content