Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне во 17:41 часот во близина на село Морани скопско.
Земјотресот е на длабочина од 5 километри, 15 км источно од општина Кисела Вода.
Потресот бил почувствуван во Скопје, Куманово и околните населени места, каде граѓани пријавиле краткотрајно тресење.
