Љутков: Чествувањето на св. Кирил е длабоко духовен и цивилизациски настан

Ова чествување не е само дипломатски и државнички чин туку и длабоко духовен и цивилизациски настан, кој е силен потсетник на вредностите врз кои се темелат словенската култура, образованието и писменоста, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација на чествувањето на св. Кирил во Рим, кое годинава го организира Собранието на Република Македонија.

Љутков во изјава за медиумите пред црквата „Сан Клементе” во Рим, каде што на гробот на св. Кирил се одржа молебен, истакна дека светителот е еден од најголемите духовни и просветителски дејци во словенскиот свет кој, рече, оставил длабока трага во развојот на словенската писменост и култура.

-За нас како држава, наследството на светите браќа Кирил и Методиј е живо и денес и тоа се гледа од нашата посветеност и заложба во зачувувањето на македонскиот јазик, на културата и духовната традиција, како и од грижата за културното наследство и промоцијата на вредностите на дијалогот, просветителството и меѓусебното почитување, истакна министерот Љутков.

Манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил” ќе биде заокружена утре со концерт на ансамблот „Консонанс” што, рече Љутков, е можност македонската култура достоинствено да ја претставиме пред меѓународната јавност

-И да ја потврдиме нашата вековна поврзаност со делото на светите браќа Кирил и Методиј. Како и секоја година, Министерството за култура и туризам го одржува и го финансира овој настан, кој е посебен за нашата култура и за меѓународната јавност,  рече Љутков.  (МИА)

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content