Рубин Земон се правда, Виктор Стојанов се заканува: Затвор за новинарите кои објавиле за нивната средба!
Членот на извршниот комитет на СДСМ, Рубин Земон, реагираше на објавата фотографија помеѓу него со бугарскиот провокатор Виктор Стојанов.
Тој пред медиумите се правда дека средбата со Стојанов била случајна во трговски центар во Софија.
Медиумите ги нарекува “курирци”, кои оркестрирано го напаѓале. Средбата била пред петнаесетина дена, објавува Лидер.
– Со мојот син седевме во трговски центар во Софија кога ми пријдоа луѓето, ми кажаа дека ме препознале кој сум и прашаа дали може да седнат со нас на кафе и да направат фотографија. Првично не знаев дека станува збор за луѓе од фондацијата. Кратко поразговаравме за случувањата во двете земји и тоа беше сѐ. – изјавил Рубин Земон за мкд.мк.
Интересно е дека периодот за кој говори Земон дека се случила средбата, кореспондира со периодот кога Земон изјави дека Гоце Делчев е минорна фигура од македонската историја.
Со реакција се јави и Виктор Стојанов од Софија, чија реакција, стои во текстот на Лидер, нема да ја објавиме затоа што изобилува со вулгарности кон македонскиот народ, говор на омраза и закани со затвор за новинарите кои ја објавиле нивната слика.
Претходно, Радио Лидер објави дека висок функционер на СДСМ на средба со познатиот провокатор Виктор Стојанов
Членот на извршниот комитет на СДСМ, Рубин Земон, на неофицијална средба со провокаторот Виктор Стојанов од фондацијата Македонија од Софија.
На Стојанов, токму во време на СДСМ му беше забранет влез во Македонија, поради ширење на говор на омраза против македонскиот народ.
