Меџити: По обединувањето на ВЛЕН следува реконструкција на Владата

Коалицијата ВЛЕН утре и официјално ќе се трансформира во единствен политички субјект, а еден од лидерите на коалицијата и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека веднаш по заокружувањето на овој процес ќе следува и реконструкција на Владата.

Меџити изјави дека со премиерот Христијан Мицкоски начелно е договорено да има реконструкција на владините ресори, но засега не се разговарало за конкретна распределба на министерствата.

„Ние сега сме фокусирани на ВЛЕН, штом ова го заокружиме, со премиерот начелно сме договорени дека има реконструкција на Владата. Но, само начелно. Не сме ги преговарале ни принципите, ни дали ќе останеме на овие ресори или ќе има замена на ресорите“, изјави Меџити.

Тој додаде дека во процесот не станува збор за поединци, туку за принципи на пет политички субјекти кои се претопуваат во една партија.

Според Меџити, со обединувањето ВЛЕН ќе стане посилен политички фактор со поголемо влијание кај албанскиот електорат.

„ВЛЕН со ова се факторизира, станува поголем и ќе има многу поголема апсорпциска моќ – особено кај независното членство и кај незадоволните од албанската опозиција“, рече тој.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content