Средба меѓу Азески и Гицулика за подобрување на студиските програми во високото образование

Во Скопје денес се одржува средба на високо ниво, на која претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ќе разговара со претседателката на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование (ЕНКА), проф. д-р Кристина Гицулика.

Во центарот на разговорите ќе биде прашањето како реалната економија може поактивно да се вклучи во креирањето и унапредувањето на универзитетските студиски програми. Посебен акцент ќе се стави на моделите на соработка кои овозможуваат студентите да стекнуваат практични знаења уште во текот на студиите, преку практична настава и вклучување во истражувачки проекти заедно со компаниите.

Бизнис заедницата, како што се нагласува, сè појасно ја поврзува вредноста на високото образование не само со дипломите, туку со реалната подготвеност на кадрите веднаш да се вклучат во работните процеси. За компаниите, вистинскиот квалитет значи вработени кои носат употребливо знаење, брзо се прилагодуваат на динамичните пазарни услови и придонесуваат кон иновации и зголемена продуктивност од самиот почеток.

Од тие причини, се истакнува потребата од посилно и поструктурирано партнерство меѓу универзитетите и стопанството, со цел образовниот систем да не функционира изолирано, туку во директна корелација со економските потреби и развојните насоки на пазарот на трудот.

Професорката Кристина Гицулика, која доаѓа од Политехничкиот универзитет во Букурешт, важи за првата жена на чело на оваа европска организација од нејзиното основање, што дополнително ја нагласува тежината на нејзината улога во процесите за унапредување на квалитетот во високото образование.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content