ЗНАМ: Заминувањето на Миле Цеков не е изненадување

„Движењето ЗНАМ е создадено врз јасни принципи кои се темелат на чесност, одговорност, заштита на македонските национални интереси и борба за достоинствена и суверена Македонија. Тоа не се вредности од кои отстапуваме зависно од политичкиот момент, личните амбиции или дневнополитичките пресметки.

Оттука, неговите обиди денес да се претставува како симбол на принципиелност, а притоа претходно да застапува позиции спротивни на државните и националните црвени линии, се крајно несериозни и неубедливи пред граѓаните.

За човек кој јавно се залагаше за внесување на Бугарите во Уставот, природно е што повеќе не се препознава во политиките на Движењето ЗНАМ.

Причините за оваа одлука се лично негови. Дали станува збор за политички калкулации, клиентелизам или нешто друго, ќе покаже времето.

Но, Движењето ЗНАМ нема да отстапи од својата мисија и од довербата што ја доби од народот.

На господинот Цеков му посакуваме успех во неговото понатамошно политичко делување како независен пратеник.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува цврсто определено кон политиките на национално достоинство, стабилност, реформи и силна македонска држава“, се вели во соопштението.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content