ВЛЕН: ДУИ и Нефи стојат зад милионски злоупотреби во МЕПСО

ДУИ со години работеше исклучиво на проекти за поврзување кон Србија, градејќи патишта, енергетски мрежи и далекуводи во една насока, додека целосно ги игнорираше стратешките врски на државата кон Албанија и Косово. Денес, за првпат, ВЛЕН ја менува таа политика и започнува реално поврзување и вмрежување со Албанија и Косово, токму таму каде што ДУИ 20 години не направи ништо.

Наместо да објасни зошто клучниот енергетски проект за енергетско поврзување со Албанија беше блокиран со години, ДУИ повторно избира да шири дезинформации и политички конструкции. Вистината е многу поедноставна и многу понепријатна за нив. Проектот што денес го напаѓаат беше во состојба на практично целосен застој, со реализација од само 4% во период од четири години. Кога ВЛЕН ја презеде одговорноста, договорот веќе беше истечен, без реални предуслови за негово продолжување и без каква било градежна активност на терен. ДУИ ќе одговара за криминал и кочење на проектот.

ДУИ ќе треба да одговори зошто нивниот партиски член Нефи од Охрид беше главен подизведувач на проектот кој служеше само за испумпување на пари од МЕПСО.

ДУИ ќе треба да одговори како тоа опремата за овој проект се наоѓаше во магацините на Нефи од Охрид.
ДУИ ќе треба да одговори дали парите кои се испумпуваа од овој проект завршуваа во личните џебови на Али Ахмети и Бујар Османи.

Ако ДУИ не одговори, има кој, ќе одговори Јавното обвинителство.
Наместо изградба, со години се водеа преговори за дополнителни финансиски барања. Беше побаран анекс од речиси 50% од вредноста на договорот, односно близу 8 милиони евра повеќе, што е спротивно на договорните услови и на секоја економска логика. Дополнително, постојат евиденции за еднострано напуштање на градилиштето од страна на изведувачот, како и условување со нови финансиски барања веднаш по склучувањето на договорот, кој и самиот бил добиен по нереално ниска цена.

Во меѓувреме, државата плаќала камати за кредит уште од 2015 година, без проектот да се движи напред. Според интерните анализи и физибилити студијата на MEPSO, секоја година незавршен проект генерира загуби од околу 5 милиони евра. Тоа значи дека вистинската штета не е онаа што денес ја злоупотребува ДУИ во својата реторика, туку штетата што се создаваше со години поради нивната неспособност и погрешни одлуки.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content