Минчев: Институционален фокус на ефикасно управување и намалување на управните спорови

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на тркалезната маса на тема „Добро управување и владеење на правото: Спречување на непотребни управни спорови и зајакнување на извршувањето на судските пресуди“, која се одржа во организација на Министерството за јавна администрација во соработка со СИГМА/ОЕЦД.

Во своето обраќање, министерот Минчев нагласи дека управната постапка претставува суштински сегмент во функционирањето на правната држава и во градењето доверба меѓу граѓаните и институциите. „Управните постапки се местото каде што правата се остваруваат и каде што се гради довербата во институциите, затоа наш фокус останува нивната целосна и доследна примена“ истакна Минчев.

Тркалезната маса имаше за цел да ги презентира наодите од најновата анализа на СИГМА/ОЕЦД, да овозможи размена на искуства со земјите членки на Европската Унија и регионот, како и да отвори дискусија за намалување на непотребните управни спорови и подобрување на извршувањето на правосилните судски пресуди.

Минчев информираше дека Министерството за јавна администрација продолжува со активности за подобра примена на Законот за општата управна постапка, преку засилен надзор, координација и практични алатки, со акцент на дигитализација и едукација.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content