Геријатрија доби во важност од пет години

Сертификат за акаредитација во важност од пет години денеска ѝ беше доделен на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.

Директорката на Геријатрија, Ленче Нелоска се заблагодари до АКАЗУМ за континуираната соработка и укажување на сè она што може да го подобрат.

-Огромна благодарност до вработените коишто секојдневно ја работат работата и ги спроведуваат тие процедури и, можеби најголема благодарност на тимот којшто работеше на овој последен процес на акредитација, затоа што верувајте, доколку немате тим на луѓе коишто се посветени на самиот процес, не можете да направите ништо. И најдобрата идеја да ја имате, ако нема неколку добри луѓе коишто ќе се согласат со тоа и ќе го спроведат тоа, не може да има успех – посочи Нелоска во изјавата за медиуми.

Таа додаде дека уште повеќе и е драго што ,,акредитацијата во оваа институција не е мртво слово на хартија, туку е нешто коешто живее секојдневно со нашата рутинска работа”.

-Не смееме да си дозволиме промашувања, невниманија, туку мораме сè повеќе и повеќе да се подобруваме за да продолжиме во оваа насока, за нашите пациенти загарантирано да ја имаат најдобрата можна грижа – рече меѓудругото, Нелоска.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, исто така, изрази задоволство од денешниот настан.

-Да искажам голема благодарност до менаџментот за посветеноста, за видливите резултати и за она што значи визија и тоа како треба да се развива овој центар во иднина – рече градоначалникот.

На настанот беше нагласено дека установата врши болничка здравствена дејност и специјалистичко – консултативна здравствена дејност на секундарно ниво од областа на геријатриската и палијативната медицина, и е единствена јавна здравствена установа за долготраен престој во нашата држава.

Како што појаснија, во повеќе области се евидентирани значајни достигнувања на здравствената установа, особено во делот на управување со ризици, контрола на интрахоспиталните инфекции, заштита на личните податоци, воспоставени ефикасни системи за евиденција, следење и анализа на несакани случувања и систем на безбедно управување со медицински отпад, континуирана посветеност кон унапредување на квалитетот, преку донесување и имплементација на стратешки документи, планови и процедури, како и преку организирање практични активности, вклучително и симулациски вежби за постапување во вонредни состојби, подигнување на нивото на задоволство на пациентите и вработените, поттикнување на научно-истражувачката работа од областа на геријатриската и палијативната медицина, континуирана едукација на медицинскиот кадар.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content