Лажна е дојавата за поставени бомби во „Сити мол“

На електронска адреса на Министерството за внатрешни работи денеска е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „City Mall“ во Скопје се поставени експлозивни направи.

-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби, информира МВР.

Трговскиот центар по примената дојава беше евакуиран до целосно завршување на полициските проверки.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content