Делови од Куманово и Старо Нагоричане денес и утре без струја

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека делови од Кумановско и Старо Нагоричане денеска и утре ќе бидат зафатени со планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, поради интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Денес, жителите на селото Стрезовце во Општина Старо Нагоричане ќе останат без струја во периодот од 08:30 до 15:00 часот. Во истиот ден, но во пократок интервал од 08:45 до 12:45 часот, прекин ќе има и во кумановската населба Ајдучка Чешма, каде домаќинствата привремено ќе бидат исклучени од електроснабдувањето.

Електричните работи продолжуваат и утре, кога е најавен подолг прекин во целото село Старо Нагоричане. Според најавата, без електрична енергија ќе се остане од 08:30 до 15:00 часот, додека трае планираната техничка интервенција на мрежата.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на најавените прекини и да преземат потребни мерки за непречено функционирање во текот на овие часови.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content