Собранието ја отвори постапката за укинување на „Пржинската“ техничка влада

Со мнозинство од 67 гласа „за“, 13 „против“ и без воздржани, Собранието денеска даде зелено светло за утврдување на потребата од носење на измените на Законот за Владата по скратена постапка. Со ова се отвора патот за укинување на досегашната практика на формирање т.н. Пржинска техничка влада, која се воведуваше 100 дена пред избори како гаранција за нивно спроведување.

Оваа пракса, воспоставена како дел од политичкиот договор во 2016 година со посредство на странски дипломати, треба да биде напуштена со новото законско решение, кое, сепак, нема да се применува веднаш. Предвидено е неговото стапување во сила да важи дури од изборниот циклус по следниот, со што актуелните избори остануваат под досегашните правила.

Од Владата, како предлагач на измените, појаснуваат дека целта е да се зајакне институционалната стабилност и правната предвидливост, како и да се овозможи непречено продолжување на реформските процеси. Според нив, со ова се штити јавниот интерес и се создава појасна рамка за функционирање на извршната власт во изборни периоди.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content