ЦУ: Започнуваме со етапно царинење на употребувани автомобили и користење на други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем кој е хакиран

Царинската управа (ЦУ), согласно своите законски надлежности, започнува со етапно царинење на употребувани автомобили со цел олеснување на увозот и непречено одвивање на процесите на царинење. Притоа, посочуваат од ЦУ, ќе користи други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем до којшто, во светски рамки, е оневозможен пристап поради скорешен сајбер напад.

-Царинската управа е во комуникација со Групацијата Аутовиста и очекуваме во најскоро време да ги надминат техничките проблеми со кои се соочува електронскиот Шваке систем, по што како и досега ќе продолжиме да ги користиме податоците од системот при утврдување на вредноста на автомобилите, велат од ЦУ.

Воедно, додаваат, во комуникација сме со имателите на одобренијата со царински терминали за можноста да излезат во пресрет во однос на дополнителните трошоци за престој настанати по овој основ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content