Труење со велигденски јајца во Кавадарци

Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца.

Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци.

Ратко Грков, доктор во Итна медицинска помош број еден, рече за МИА дека и во негова смена, имало пациенти кои се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно консумирале велигденски јајца.

Паракеов и Грков апелираа до населението за внимателност при консумирање преостанати велигденски јајца од празникот, до цел да се избегнат несакани последици од консумирање постара храна.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content