Петровска со порака за роденденот на СДСМ: Ако не се промениме, ќе исчезнеме и затоа час поскоро да започнеме со трансформација!

Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, упати силна порака по повод 35-годишнината од формирањето на партијата, nагласувајќи дека на социјалдемократите им е неопходна итна и длабока трансформација за да опстанат на политичката сцена.

Во својата објава, Петровска потенцира дека СДСМ не претставува само бројка или кратенка, туку идеологија изградена врз илјадници животни приказни и клучни државнички одлуки, објави Петровска.

Таа ја истакна важноста на партијата како инклузивна сила која ги спојува различностите, но не ја премолчи потребата од саморефлексија.

„Сме губеле, сме победувале, но секогаш сме се менувале – на подобро, се разбира. Промената на подобро е неопходна и суштинска за да може да успееме, за да победиме, за Македонија“, пишува Петровска.

Пратеничката упати и директно предупредување до сопартијците, нагласувајќи дека сегашниот момент бара храброст за внатрешни реформи.

„Ако не се промениме, ќе исчезнеме. Затоа, час поскоро мора да започнеме со трансформација“, децидна е таа во својот статус.

Честитајќи го роденденот на партијата, Петровска порача дека симболите на СДСМ – розата и тупаницата – и понатаму носат порака за подобро утре, но само доколку партијата покаже капацитет за суштинско менување.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content