Европската перспектива и регионалната соработка во фокус на средбите на Муцунски во Анталија

За средбите Муцунски информираше преку Фејсбук, нагласувајќи дека имал исполнета политичка агенда на маргините на Анталија – Дипломатскиот форум, а соопштение објави и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На средбата со министерот Рангел, истакна Муцунски, ги потврдиле одличните билатерални односи и разговарале за нивно понатамошно унапредување, со акцент на евроинтегративниот процес, нашата активна улога во НАТО и придонесот кон колективната безбедност.

„Со министерот Коњуфца разменивме мислења за билатералната соработка, регионалните прашања и евроинтегративните процеси, како и за понатамошно зајакнување на соработката во овој контекст. На средбите со директорите Рокфеј и Ѓауфрет разговаравме за напредокот во пристапниот процес, имплементацијата на Реформската агенда, со посебен акцент на владеењето на правото и јавната администрација, како и за поддршката во овие процеси и актуелните случувања во регионот и Европа“, објави министерот.

Муцунски вчера во рамки на учеството на форумот се обратил на панел посветен на новите можности во регионалната и интерконтиненталната поврзаност, на тема “Нови можности за поврзување“.

Во своето обраќање, информираат од Министерството за надоврешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), Муцунски истакна дека поврзаноста денес претставува клучен елемент за економската отпорност, регионалната стабилност и одржливиот развој, особено во услови на зголемена геополитичка неизвесност и трансформација на глобалните синџири на снабдување. Тој нагласи дека земјава, како држава со стратешка позиција на крстопатот меѓу Европа и поширокиот евроазиски простор, има активна улога во унапредувањето на регионалната инфраструктурна и транспортна поврзаност.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content