Ахмети: Љубчо Георгиевски ми предложи поделба на Македонија пред потпишувањето на Охридскиот договор

Во интервјуто Ахмети откри дека во тоа време предлогот му го дала владата предводена од премиерот Љубчо Георгиевски.

Според Ахмети, ова не било најдоброто решение, бидејќи би предизвикало големи судири и крвава војна за територии.

„Го прифативме Охридскиот мировен договор како најдобро решение, вистински компромис. Но другото решение не беше толку среќно, не беше толку добро, но беше болно и за Македонците и за Албанците, бидејќи предлогот за поделба на Македонија беше ставен на маса од страна на македонската влада, премиерот Георгиевски. Но, тоа не беше најдобро решение, тоа беше решение што ќе предизвикаше многу поголеми судири. Ќе однесеше многу животи, бидејќи војната ќе се водеше за територии. Бидејќи тој предлог на Георгиевски дефинираше и од 30% Албанци што се во Република Македонија на територија некаде околу пет или шест проценти беа главно Тетово, Гостивар и моето родно место Зајас и Осломеј. Но без Кичево, без Струга, без Скопско, без Куманово, без Преспа, без Битола, без Велес и Охрид. Болно за двете страни. Мораше 260.000 Албанци да бидат протерани од своите земјишта и 60.000 Македонци исто така ќе требаше да бидат протерани од своите земјишта што живееја во делот со мнозинство Албанци. Болката ќе беше иста за двете страни“, рече Ахмети во интервјуто за А2 Си-Ен-Ен.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content