Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд наврна во Битола

Утрово најниска темепратура од 4 степени Целзиусови е регистрирана на Попова Шапка. Следат 6 Kрушево, Лазарополе, 7 Крива Паланка, Берово, Mаврови Анови, 9 Претор, Битола, Прилеп, Виница, 10 Тетово, Охрид, Куманово, Штип, Велес, Кавадарци, Струмица, 11 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Гевгелија, соопшти УХМР.

Според податоците на УХМР, најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнало во Битола, 11 литри на метар квадратен. Потоа следат 10 Претор, 8 Тополчани, 6 Крушево, 4 Охрид, Кавадарци, 2 Скопје-Петровец, Велес, Струмица, Берово, 1 Куманово, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Попова Шапка.

На Попова Шапка снежната покривка е 13 сантиметри.

Денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени. (МИА)

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content