Пожар во дворот на медицинското училиште во Битола по палење контејнери: Оштетена фасада на објектот

Во раните утрински часови на 11 април, околу 1:30 по полноќ, во дворот на едно средно училиште во Битола бил извршен вандалски напад при кој биле запалени контејнери за отпад. Огнот брзо се проширил и предизвикал материјална штета на задниот дел од училишната зграда, оштетувајќи ја фасадата.

Благодарение на брзата реакција на противпожарните екипи и припадниците на Министерството за внатрешни работи, пожарот бил навреме ставен под контрола, со што биле спречени посериозни последици и поголема материјална штета.

Настанот е официјално пријавен, а надлежните органи веќе преземаат мерки за идентификација и санкционирање на сторителите. Во меѓувреме, од училиштето најостро го осудија овој чин, оценувајќи го како недозволиво уништување на јавен имот и упатија апел до институциите за брза и ефикасна постапка.

Раководството најави дека ќе се преземат активности за санација на настанатата штета, како и дополнително зајакнување на безбедносните мерки во училишниот објект, со јасна порака дека вакви инциденти нема да бидат толерирани.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content