Мицкоски најавува финализирање на автопатот Кичево-Охрид со домашно финансирање

Премиерот Христијан Мицкоски изрази големо задоволство од тековните градежни активности на автопатските делници од Коридорот 8 и Коридорот 10Д, нагласувајќи дека делницата Кичево-Охрид наскоро ќе стане целосно функционална благодарение на новото финансирање обезбедено од домашните банки.

„Сите проекти на Коридорот 8 се реализираат според планираната динамика. Во моментов се интензивно работи на галериите. Се соочивме со мала пречка при обезбедување средства за завршување на делницата Кичево-Охрид, бидејќи претходниот заем од кинеската ‘Ексим банка’ веќе не беше достапен. Но брзо се прилагодивме – формиран е синдикат на домашни банки со многу поволни услови, кои ќе го завршат финансирањето. Со тоа, оваа делница конечно ќе биде во функција“, изјави Мицкоски при посетата на Струга.

Премиерот посочи дека напредуваат и другите клучни делници од Коридорот 8: Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а извештајот за делницата Букојчани, приклучок Кичево, веќе е предаден на заемодавателите.

„Особено сум задоволен од динамиката на овие проекти. Исто така, со солиден напредок се одликува и делницата Прилеп-Битола, која е составен дел од Коридор 10Д“, додаде Мицкоски, нагласувајќи дека реализацијата на автопатите се движи според очекувањата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content