Нови правила за донирање органи: Граѓаните ќе можат да се пријават како донори преку својот матичен лекар

Денес на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) беше објавен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на органи и други делови од човечкото тело со цел лекување.

Со новите измени се предвидува значително проширување на кругот на лица кои можат да даруваат органи додека се живи, како и поедноставување на административните процедури поврзани со донорството. Исто така, секој граѓанин ќе може преку својот матичен лекар да се изјасни дали сака да биде донор по смртта, што го става личниот избор во центарот на процесот.

Министерот Алиу потенцира дека целта на предлог-законот е да се гради доверлив и транспарентен систем, каде што волјата на граѓанинот е примарна, а одлуката за донорство останува лично право на секој човек. Ова е уште еден чекор кон подигнување на јавната свест за значењето на органдонорството како највисок чин на човекољубие и спасување животи.

Дополнително, предвидено е создавање национална листа на донори, која ќе се води во „Националниот систем за електронски евиденции во здравството“, за да се обезбеди целосна контрола и ефикасност на процесот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content