Советот ја констатираше оставката: Ленче Ристоска ја напушта обвинителската функција

Советот на јавни обвинители на денешната 42. седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, информираше дека Ристоска на 2 април поднела барање за повлекување од функцијата по сопствено барање, по што Советот без расправа ја констатирал оставката.

„Нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата“, изјави Бесими по седницата.

Во однос на причините за оставката, Бесими посочи дека Советот нема надлежност да ги коментира, нагласувајќи дека станува збор за лична одлука на обвинителката.

„Секој обвинител има право во секое време да поднесе барање за повлекување. Советот само ја констатира таквата одлука“, рече Бесими.

На истата седница, Советот донесе одлука за продолжување на функцијата на Кети Петкова, која ќе ја извршува должноста член на Советот до истекот на нејзиниот мандат на 26 јули 2027 година. Одлуката следуваше по добиено известување од Собранието дека согласно закон постои можност за продолжување на функцијата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content