ПОСЛЕ СВАДБА, ТАПАНИ: Три дена по мерката – на СДС и Битиќи им „текна“ дека АКЦИЗАТА ТРЕБАЛА ДА СЕ НАМАЛИ…
Три дена откако владата најави дека ја намалува акцизата за горивата, Битиќи и СДС се разбудија од зимскиот сон и побараа намалување на акцизата. Разликата е во тоа што бараат 4 денари и за бензините. Многу промуќурно. Толку им била инвентивноста. Народот за ваквиот чекор вели: По свадба, тапани…
„Кога денес зборуваме за акцизата, не зборуваме само за потрошувачката. Зборуваме за условите под кои работат компаниите и за нервозата на работникот, што знае дека секое ново поскапување на енергијата може да значи нова штедна мерка, нов застој ново кратење на приходите кои ги остварува од своето работно место. Во една ваква депресивна економска состојба акцизата мора да се гледа како анти-инфлаторен инструмент. Ако одредена компанија плаќа поскап дизел, тоа не го троши ова бесконечно. Тоа во даден момент го префрла во цената. Ако не може да се префрли на цената, тогаш го намалува профитот. Ако ниту тоа не е можно, почнува да кради инвестиции, смени, луѓе“, промуќурно изјави доцна освестениот Битиќи, ПОПУЛИСТИЧКИ потенцирајќи ги мерките кои ги украдоа (копи-пејст) од ВМРО-ДПМНЕ во корона кризата.
Интересно, но Битиќи не кажа зошто тендер-владата на СДС/ДУИ во корона кризата не ги примени овие мерки на ВМРО-ДПМНЕ? Време кога минимална плата беше околу 15.000 денари, а просечна 26.000 денари. време кога дизелот достигна 107.5 денари, БС95 110, бс98 цели 112 денари. Сега минималецот е 24.500 денари, просечната е 46.400 денари, а владата прво го намали ДДВ-то од 18 на 10%, за потоа да ја намали иа акцизата.
Зошто СДС и Битиќи тогаш со 60% понизок стандард на граѓаните не го направија истото, туку напротив – предлагаа и еколошка такса од дополнителни 4 денари? Чуму не седнаа на маса со ОКТА, као сегашната влада, да обезбедат дополнителен попуст за народот, за кој толку мноооогу, на лаф барем, се загрижени?
Народот, за ваша жал, нема меморија на златна рипка…
