Инцидент во Собранието: Дебатата за родова еднаквост прекината по жестока расправија

Претпладнето во Собранието наместо аргументирана дебата, имаше тензии, повишени тонови и сериозни обвинувања. Јавната расправа посветена на еднаквите права на мажите и жените излезе од контрола во моментот кога пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците остро реагираше поради, како што посочи, игнорирање на Законот за јазиците.

Од говорницата, Даути побара веднаш да се прекине седницата, нагласувајќи дека материјалите за дискусија не ѝ биле доставени на албански јазик. Во емотивно обраќање, таа оцени дека наместо да се зборува за заштита од насилство, самата се соочила со, како што рече, психолошки притисок и дискриминација во институцијата.

Нејзиниот настап предизвика бурна реакција кај дел од присутните. Заменик-претседателката на Комисијата, Весна Ѓорѓиева, возврати дека расправата не смее да се претвори во политичка сцена за собирање поени, апелирајќи фокусот да остане на суштината на темата.

По неколку минути исполнети со остри реплики и меѓусебни обвинувања, атмосферата дополнително се вжешти, што на крај резултираше со прекин на седницата. Беше прогласена пауза со цел да се смират страстите и да се создадат услови за продолжување на расправата во поконструктивен тон.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content