Ќура за кривичната пријава против него: Политичка бучава

„Да бидеме јасни: назначувањето на Меџаит Јусуфоски како вршител на должност е направено во согласност со законот, како внатрешно и итно решение, во момент кога ЈП ‘Водовод и канализација’ беше на работ на колапс. Некој мораше да го преземе кормилото и тој го направи тоа“, реагираат од кабинетот на Ќира.

Полицијата соопшти дека Јусуфоски бил назначен без да има соодветно факултетско образование и немал соодветен сертификат за англиски јазик, а тоа осомничениот Ќура го знаел, но сепак го назначил.

„Да, можеби нема сертификат за англиски јазик… но направи нешто што многумина ‘сертифицирани’ не успеаjа со години: за само три месеци ги удвои приходите на претпријатието и ја стабилизираше состојбата на истото. За да ја информираме јавноста, ова претпријатие повеќе од еден месец функционира со нов директор, Јованчо Мечаркоски, а не со вршителот на должност Јусуфоски. Затоа, пред да се пласираат обвинувања, добро е да се погледнат фактите. Бидејќи граѓаните не живеат од пријави, туку од услуги што функционираат“, стои во реакцијата.

Јусуфоски во февруари даде оставка, помалку од три месеци по назначувањето. Тој тогаш изјави дека има морална одговорност бидејќи претходно од водоводот во Струга почна да тече вода полна со кал и беше забранета за употреба цел месец. Изворот Шум беше загаден од градежни работи во блиската околина.

Пријавата пак според градоначалникот е политичка бучава наместо реформи и услуги за граѓаните.

„Реформите не запираат од бучава. Напротив, тоа само ја зајакнува решеноста да се продолжи со промените што Струга одамна ги чека. Градоначалникот останува целосно отворен за соработка со институциите на правдата, но и решен е да не дозволи враќање во времето кога јавните претпријатија служеа за сè, освен за граѓаните“, стои во реакцијата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content