ИМА ДОВОЛНО ГОРИВО, НЕМА ПОТРЕБА ОД МЕРКИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ Мицкоски за состојбата на пазарот со деривати

Состојбата во овој момент е стабилна, имаме стратегија и граѓаните и бизнисот не треба да бидат загрижени и да стравуваат зашто има обезбедени количини на нафта и деривати и во овој момент нема потреба од какво било ограничување, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција на која соопшти дека со одлука на вонредна седница на Владата денеска се намалени акцизите за дизелот и за безоловниот бензин и се продолжува траењето на намаленото ДДВ од 18 на 10 отсто за горивата до крајот на кризната состојба.

Мицкоски посочи дека потрошувачката минатата недела достигнала рекордни 2 милиона литри на ден (околу 75 проценти дизел и околу 25 проценти безоловен бензин) и дека, рече, е жесток притисокот на северната, западната и на јужната граница каде што потрошувачката на одредени бензински пумпи е и триплирана затоа што граѓани од други држави доаѓаат да ги полнат резервоарите.

На прашање дали се очекува зголемен притисок на нашите бензинските пумпи од странски државјани, тој одговори дека се очекува дополнителен притисок од Србија кога таму пред Велигден ќе заврши двонеделниот регулиран период, како и од тоа какви ќе бидат цените на берзите од вторник. Притоа посочи дека неколку аеродроми од соседни земји од Македонија добиваат керозин, како на пример аеродромот во Приштина кој целосно се снабдува со керозин од нашата земја.

Нагласи дека како држава до овој момент се справуваме онака како што очекуваат граѓаните од Владата и дека покажуваат проактивност наместо ретроактивност.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content