Николоски: Проектот Градски воз напредува одлично, до јуни ќе биде завршена линијата од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Нова железничка станица, а од 1 -ви септември пуштена за сообраќај
До месец јуни првата линија од Градски воз од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода, Аеродром до железичка станица Скопје ќе биде завршена, а со почетокот на школската година во септември ќе ја пуштиме во сообраќај. За останатите две линии тендер ќе распишеме оваа година со што ќе го скратиме рокот за една година и до 2027 година Градскиот воз комплетно на трите линии ќе биде завршен, истакна министерот за транспорт Александар Николоски.
Министерот, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорите на двете железнички претпријатија извршија увид во рехабилитацијата и реконструкцијата на првата линија.
Николоски истакна дека со набавката на новите автобуси, идејата е да се комбинира транспортот така што фрекфренцијата на Градски воз да биде на еден час
Директорот на ЈП Железничка инфраструктура Синиша Ивановски истакна дека во овој момент се работи на замена на дрвените прагови кои се заменуваат со бетонски прагови со цел да да се достигне проектирана брзина до 90 км на час, како и реконструкција на патните премини.
Градоначалникот на Град Скопје, Ѓорѓиевски истакна дека со проекот Градски воз, набавката на новите 100 автобуси и проектот за БРТ, значително ќе се подобри квалитетот на сообраќајниот транспорт во Скопје.
