Сиљановска-Давкова до католичките верници: Велигден да донесе мудрост и солидарност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, како и до сите верници од католичка вероисповед изразувајќи искрени желби празничните денови да ги поминат во добро здравје, радост, љубов и среќа.

Таа посочи дека речиси два милениума Христовото воскресение, одново и одново ни влева надеж и верба во доброто, како неуништлив белег на човечката природа

Осврнувајќи се на актуелните предизвици, Сиљановска-Давкова истакна дека во овие тешки времиња, кога темни облаци се надвиснати над човештвото и кога војната го всади стравот во луѓето, верува дека Велигден, како празник над празниците, ќе донесе мир, духовност и мудрост.

-Исус Христос нè научи дека без емпатија, солидарност и толеранција и без разбирање на другиот и поинаквиот, нема соживот, истакна Сиљановска-Давкова.

Претседателката изрази надеж дека празникот ќе го разбуди доброто кај сите луѓе, потсетувајќи дека животот е посилен од смртта, а светлината од темнината, и ќе помогне општеството да чекори напред по Божјиот пат.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content