Бројот на прекршоци регистрирани со „Сејф Сити“ во март порасна за 37%

Во март, бројот на сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Сејф Сити“ бележи скок од 37% во однос на февруари. Камерите снимиле дури 26.241 возач што направил прекршок, додека во февруари таа бројка беше 19.066.

Иако минувањето на црвено светло значително е намалено, само 70 прекршоци, што претставува пад од 68,2%, дисциплината зад воланот сепак далеку не достигнала посакуваното ниво. Најголем дел од казните повторно се за брзо возење: 25.230 возачи во март возеле побрзо отколку што дозволуваат сообраќајните правила.

Системот исто така регистрирал 941 случај на управување со возило со истечена сообраќајна дозвола, додека на 544 лица им е изречена забрана за управување. Од нив, 70 биле фатени на црвено, а 474 возеле пребрзо, што ги довело до привремената забрана за возење. Во споредба со претходниот месец, бројот на забрани се намалил за 16,7%, но проблемот со прекумерната брзина останува доминантен.

Властите најавуваат дека во текот на 2026 година „Сејф Сити“ ќе се прошири низ целата држава. Прецизни локации и број на камери ќе се дефинираат по завршување на техничкото планирање, но целта е да се покријат сите „црни точки“, места со најголема фреквенција на сообраќајни незгоди. Фокусот ќе биде на главните булевари и артерии, клучните крстосници, како и на влезовите и излезите од градовите, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

До сега, камери се поставени во Скопје, на Коридорите 8 и 10, како и во Тетово и Куманово. Во Велес поставувањето е веќе започнато и се очекува да профункционира во јули, додека во Охрид и Струга камерите ќе почнат со работа пред летната туристичка сезона за поголема безбедност на посетителите.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content