ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска ја користи оставката за да создаде наратив на жртва

Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку посакуваната правда. Очигледно времето за кое зборувала, важело само доколку исходот од изборот е по нејзина мерка. Во моментот кога институциите постапија согласно закон и не ја потврдија нејзината кандидатура, истата таа визија за силно и независно обвинителство одеднаш исчезна и се замени со наратив за наводни притисоци и загрозен интегритет, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение после оставката на Ленче Ристоска.

Па тука, легитимно се поставува прашањето, дали принципите важат само кога носат личен напредок и дали борбата против криминал и корупција е кредибилна ако завршува таму каде што почнува нејзиното лично разочарување?

Ристоска зборува за ослабување на институции, но токму таа беше дел од тоа и ваквото однесување со условување на сопствениот ангажман со функција е суштинскиот проблем, кој со години ја уништува довербата во правосудниот систем. Наместо континуитет и професионализам, сведочиме на селективна принципиелност, каде во изјавата на Ристоска се вели дека институциите се добри кога одлуките се во наша корист, а лоши кога не се. Особено е индикативно што одлуките кои ги критикува, доааѓаат во момент кога конечно се воспоставува ред и се применува правото, без привилегирани толкувања од тесен круг на поединци кои со години се обидуваа да го монополизираат јавниот интерес.

Ристоска беше дел од истото СЈО кое беше водено од рекет дружината на Катица Јанева, кои дрпаа народни пари на име хонорари од СЈО и кое прерасна во машина за политички прогон. Само треба да се проследи изјавата на обвинителката Лејла Кадриу, која сведочи за тоа дека Заев и Шеќеринска лично оделе навечер во СЈО на Катица, Ленче и Лиле Стефанова и селектирале предмети за политички прогон.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content