Туфегџиќ: Обвинителите не треба да си ги „присвојуваат“ предметите

Скопје, март 2026 – Владимир Туфегџиќ, адвокат и поранешен судија, на социјалните мрежи оцени дека реакциите околу тоа кој обвинител ќе постапува по одредени предмети се пренагласени. Тој нагласува дека е сосема нормално обвинител кој е избран во друго обвинителство да продолжи да постапува друг обвинител по неговите предмети.

„Факт е дека некои обвинители во минатото многу ‘приватно’ и лично си го сфатија постапувањето по одредени предмети, што отвора прашање за објективноста и пристрасноста. Сепак, постои јасна хиерархија и субординација во обвинителството,“ напиша Туфегџиќ.

Тој додаде дека не е разумно избран обвинител во друго обвинителство да продолжи да постапува по предмети уште пет до шест години или до пензија, слично како што не би било логично избран судија во апелација да остане делегирано да суди во Основен кривичен суд само поради тоа што „подобро го знае предметот“.

„Разбирам дека ако предметот е во завршна фаза од доказна постапка или пред пресуда, тогаш има смисла и има одлуки за времено делегирање, особено во судовите. Но, во основа, исправна е одлуката на државниот јавен обвинител,“ напиша Туфегџиќ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content