Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините

Под влијание на циклонска активност, утре и в четврток во Македонија се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, односно над 30 литри в четврток, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места и планините дождот ќе преминува во снег. Утре и в сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.

В петок и в сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а од недела се очекува стабилизација на времето и пораст на температурите.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content