И по година ипол: СДС во „ОДБРАНА И ЗАШТИТА“ на Заев и „ПЕРЕЊЕ и ПЕГЛАЊЕ“ на аздис-ексурзиите во Дубаи, Џиновиќ и Африка-сафари
Нов ден, нов доказ кој ја раководи партијата која во 6-та брзина ита кон самозатворање. Не ги интересира катастрофалниот рејтинг, не се трудат ни за „миц“ да излезат од пи-ар тињата во која се навасаа, битно им е само и само другарчето на Филипче. Не Венко, битен е вистинскиот лидер на СДС, кој не е ни „во сенка“, туку напротив, команда од позиција на сонце. Лидер од плажа, нов СДС синоним за човек кој е вистински водач на една организација, макар била во распад. На плажа во Грција или во сафари-џипче во Кенија, порано беше Дубаи. Сега, велат, фатил „штрафта-џафте’ од таму, оти воздухот бил полош дури и од скопскиот. Според мерењата, имало премногу ракети во истиот.
Денеска, на стража е ликот меѓу граѓаните познат едноставно како Шмрчко, лик кој самиот призна дека конзумирал опојни дроги и психотропни супстанци, но за кој, за жал, нема никакви докази за рехабилитација од истото. Првата пушка на другарчето на Заев, Филипче. Втора бил Жерновски, трета Богданка, четврта Фани Сорос, петта Ана Ве мразам сите. И така натаму…
Јуниор во дуелот со Наум беше многу потресен саде околу три работи, ништо друго не е битно. Тоа се ДУБАИ, ХАРИС ЏИНОВИЌ и АФРИКА САФАРИ.
А, кх, кх, кх – Кој е ликот вмешан во трите малограѓански екскурзии? Та, кој друг ако не најбитниот лик во СДС, нивната „икона“, ментор и спонзор. Спасител, кој самиот призна дека е црпнат од нива. Па кој друг ако не Зоки?
Еве, од прва рака, ако не верувате:
„Дубаи, Африка, Харис Џиновиќ, Башановиќ, лични навреди и црна пропаганда – тоа е целиот дефокус на ВМРО кога треба да избега од скандалите или да одговори за реалните проблеми на граѓаните со високите сметки и цени“, порача трогателно загрижениот за егзистенцијата на народецот Јон, лик кој на социјалните мрежи го носи прекарот Шмрчко и е член на Извршниот одбор на СДСМ, највисокото партиско тело.
И пак, не застана тука. Го повторуваше ова како расипана плоча, егоцентрично и суетно вметнувајќи се и самиот себеси во прикаската, давајќи си на значање, за да лидерот од плажа го цени повеќе. Демек, власта е опседната со него, та дури и на бајачка оделе поради одгласот на неговите изјави и дејанија.
„ Единствена опсесија им е Јон, златната виза, Башановиќ, Дубаи. А граѓаните денес живеат во криза, живеат со покачени сметки, во најголема немаштија, со најнеодговорна и корумпирана влада во Европа“, истресе силно потресен за народната судба самопрокламираниот поранешен зависник, за кој и нема рехабилитациски докази дека е толку поранешен, нели?
„Токму затоа секој обид за дефокус е осуден на неуспех, затоа што граѓаните добро знаат дека нивните проблеми не се решаваат со пропагандни приказни, туку со одговорна политика и конкретни мерки“, додаде во силна еуфорија и крајна загриженост младичот кој замислете, знаел и што е одговорност, а уште повеќе тој и аздисаната СДС елита раснета ко „бубрежиња во лој“ демек знаеле како се чувствува народот и како се справува со секојдневието?!?! Од тоа ли им се силните „подочњаци“, од несоницата и непроспиените ноќи за народот ли?
