Муцунски оствари средба со европратеничката Јовева

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Брисел оствари средба и со европратеничката од Словенија, со македонско потекло, Ирена Јовева.

Разговаравме за реформските процеси, евроинтегративниот пат на државата и важноста од што побрза интеграција во Европската Унија, објави Муцунски.

На средбата со европратеничката Јовева, стана збор за евроинтеграцискиот процес на државата, при што министерот изрази искрена благодарност за принципиелната поддршка на овој пат.

-Јовева е силен, гласен и искрен поддржувач и промотор на нашето членство во Унијата, како и на македонскиот идентитет во европски рамки. Искрено ѝ се заблагодарив за континуираната поддршка, како и за нејзината посветеност и залагање за напредокот на нашата земја на европскиот пат, потнцира во објавата Муцунски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content