Крис Делисо, американски новинар и директор на Balkanalisis.com, за порталот Експрес своевремено изјави дека Зоран Заев бил избран од западните сили само затоа што бил лидер на опозициската партија на социјалдемократите која била искористена како главно оружје за соборување на конзервативната партија (ВМРО ДПМНЕ).
– Значи, не станува збор за лична преференција и Заев всушност не е највлијателната личност во таа партија. Сепак, тој решил да им вети нешто на Западот и на Албанците, што може да биде опасна одлука. Очигледно, најважно за него било да ја освои власта. Но, ветувањата не се доволни за Западот бидејќи тие го гледаат социјалдемократите само како средство за контрола на балканскиот коридор и постигнување на политички и економски цели.
Кога Обама дојде на власт во 2008 година, американската надворешна политика се најде под силно влијание на Џорџ Сорос и влијателни луѓе од ерата на Клинтон, вклучувајќи ги потпретседателот Џозеф Бајден и секретарката Хилари Клинтон, како и нејзиниот близок помошник Џон Подеста. Во летото 2016 година, „Викиликс“ откри дека Подеста работел за Сорос кога, во 2003 година, преку невладиниот сектор, тие започнале борба против републиканците со крајна цел да создадат непознат кандидат, Обама – објаснува Делисо, додавајќи дека администрацијата на Трамп, која е многу антисорос, сè уште немала време да го исчисти Стејт департментот и разузнавачките агенции од претходните групи луѓе на Обама и Клинтон.
-Тие функционери продолжуваат со старата политика и предизвикуваат нестабилност во Македонија. Затоа сега има вистинска драма во Вашингтон бидејќи републиканците се обидуваат да ја прекинат политиката на демократите и да ги намалат програмите на УСАИД, што треба да влијае на изборите и овде и во другите балкански земји. Вториот главен поддржувач на Заев се Германците. Ангела Меркел и нејзиниот кабинет особено ја мразат Македонија затоа што одби да биде тампон-зона за мигрантите за да го спаси Берлин од сопствените катастрофални политики. УНХЦР имаше предлог, што лично го слушнав од нив, да се изградат кампови за 30.000 бегалци во Македонија. Владата на Груевиќ го одби тоа, како и Грција, сфаќајќи колку безбедносни ризици ќе донесе тоа – истакнува Делисо, истакнувајќи дека германската разузнавачка служба БНД, која традиционално го контролира албанскиот фактор на Балканот, сега игра важна улога.
Заев, на тој начин во 2017-та ја освојува власта без победа на избори. По изборите – од Белград доаѓа Зоран Башановиќ. Кум на Алксандар Вучиќ кој, пред доаѓањето во Македонија е, благо речено, во непријателски односи со српскиот претседател Вучиќ и блиско соработува со српската опозиција предвоидена Драган Ѓилас и акстивстите на Џорџ Сорос.
Српски Телеграф објави информација дека Башановиќ, за да му помогне на Зоран Заев, во Македонија ќе ги довел поранешниот директор на ЕПС Александар Обрадовиќ и поранешниот шеф на Агенцијата за приватизација Љубомир Шубара на чело на истите тие компании во Македонија. Во тој текст се споменува и дека поранешниот член на кланот Сурчин, Милан Наранџиќ Лимун, долгогодишен пријател на Башановиќ, е вклучен и во поделбата на функциите во договорот меѓу Башановиќ и Зоран Заев.
Башановиќ со години претходно е активен во соработка со српското подземје, црногорскиот криминал клан и косовските дилери што е и главна причина за неговиот судир и непријателство со Алексасндар Вучиќ кој одбива да му даде поддршка и заштита во неговите криминални планови. Во 2012 година Зоран Башановиќ и неговата сопруга Бојана беа уапсени за кражба на брендирана гардероба и постелнина од трговски центар во Мајами, но биле ослободени со кауција.
Српски Телеграф објави информација дека Башановиќ, за да му помогне на Зоран Заев, во Македонија ќе ги довел поранешниот директор на ЕПС Александар Обрадовиќ и поранешниот шеф на Агенцијата за приватизација Љубомир Шубара на чело на истите тие компании во Македонија. Во тој текст се споменува и дека поранешниот член на кланот Сурчин, Милан Наранџиќ Лимун, долгогодишен пријател на Башановиќ, е вклучен и во поделбата на функциите во договорот меѓу Башановиќ и Зоран Заев.
