Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија изјави Николоски

Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено вложуваме стотици милиони во изградба на железничката и патната инфраструктура на Коридорот 8. Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори, истакна во гостувањето во емисијата “Стадион на Канал 77” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Главната опасност е Македонија од држава во која што се сечат два Паневропски коридорида, да остане слепо црево. Во моментов Коридорот 10 во Европа е економски најисплатлив и на него има најмногу бизнис. Точно е дека Коридорот 4 е конкуренција, но се’уште Коридорот 10 има предност доколку се заврши целосно до 2031-32 година како што е планот. Зошто го велам ова? Пред некое време имаше протест на превозниците, се затворија границите. Едни од најпогодените држави беа Бугарија и Грција, а исто така многу погодена беше и Хрватска. Превозниците почнаа да транзитираат по Коридорот 4 и сфатија дека многу им е поскап превозот, затоа што патот е подолг за повеќе од 600 км, споредено со Коридорот 10. Но, ако не се изгради Коридорот 10 целосно, ќе возат и 600 км плус затоа што ќе немаат избор. Ние мора да го искористиме моментот и таа предност која што ја имаме како локација, рече Николоски.

Николоски зборуваше и за предноста која што Македонија во моментов ја има во однос на соседите, во изградбата и развивањето на Коридорот 8.

-Ја завршивме првата фаза од пругата кон Бугарија. Делницата Куманово – Бељаковце е во функција од минатиот јануари. Бељаковце – Крива Паланка се работи веќе со добра динамика. Работиме со Европската инвестициска банка на објавување на повикот за изградба на третата делница. Веќе повикот за надзор очекувам следната недела да е објавен, а во следните две до три недели и повикот за градба, и веќе од доцна лето, рана есен да видиме активности на терен.

Вицепремиерот за прв пат откри конкретни чекори за развој и на западното крило од железничкиот Коридорот 8, проекти кои ќе бидат од огромно значење за развојот на економијата и бизнисот во западниот дел од државата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content