Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД

Николоски истакна дека учествувал на годишната конференција на Светската банка, каде имаше обраќање заедно со еврокомесарот за транспорт, како и на министерски состанок со претставници од најголемите држави во светот, каде во фокусот на средбите беше мобилноста и транспортот.

„Taму бев поканет на годишната конференција на Светска банка каде што имав обраќање заедно со комесарот за транспорт на ЕУ. Имаше претставници од цел свет. Бев дел од министерски состанок со најголемите држави во светот, во делот на мобилност и транспорт, и уште бројни состаноци во рамки на Светска Банка. Покрај економските теми, посетата на Вашингтон ја искористив и за низа политички средби во Стејт Департментот и Советот за безбедност. Имав состаноци и во Стејт Департментот, каде се видов со помошникот државен секретар за Европа на САД, како и други бројни средби во рамки на Советот за безбедност. Така што тоа беше една сериозна комбинација на економски и политички средби“, додаде Николоски.

„За прв пат на политички состанок, на високо ниво, не е тема број еден Европската Унија, што мислам дека е резултат на односите кои што во моментов постојат и не е никако поврзано со Македонија, туку со нивните меѓусебни односи. А тема беше билатералната соработка, каде што оваа Влада е пофалена, за поддршката која што ја дава. Имаше одредени гласања во ООН, каде што Македонија беше една од ретките држави која што ги поддржа САД. Така што САД се наш стратешки партнер број еден, ние имаме со нив договор за стратешко партнерство и мислам дека тоа треба да е приоритет во надворешната политика, како што скоро потпишавме таков договор и со Обединетото Кралство. Така што тоа се центрите надвор од Брисел, кон кои што ние го вртиме нашиот поглед“, заклучи вицепремиерот Николоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content