Најстудено изутринава на Попова Шапка минус седум степени, најтопло во Гевгелија седум степени

Најстудено изутрината е на Попова Шапка минус седум степени, а највисока температура е измерена во Гевгелија седум степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Според информациите на УХМР на Попова Шапка се измерени минус седум степени, во Берово и Kрушево минус три, ,Mаврови Анови минус два, Охрид, Крива Паланка, Претор и Битола еден, Тетово, Прилеп, Струмица и Штип два, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово и Виница три, Кавадарци и Демир Капија четири, Велес пет и Гевгелија седум степени.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 58 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од девет до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content