Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на KfW, меѓу кои за втората фаза од ветерниот парк Богданци, како и за енергетските проекти во Битола. Овие инвестиции, како што беше истакнато на средбата, ќе ја зајакнат енергетската независност на земјата.

Министерката Божиновска, на средбата, потенцираше дека германската KfW е еден од нашите најважни партнери, преку чијашто поддршка се реализираат клучни проекти во интерес на граѓаните.

Претставниците на КfW, на состанокот ја потврдија посветеноста за зацврстување на взаемната соработка во областа на енергетската транзиција, истакнувајќи ја важноста за забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија. Тие ја истакнаа нивната заложба за поддршка на Владата со цел обезбедување сигурен и модерен електроенергетски систем и усогласување со европските стандарди.

„Модернизацијата на енергетската инфраструктура и регионалното поврзување ќе ја зајакнат позицијата на Македонија во регионален и светски контекст. Во таа насока, соработката со KfW за нас е од исклучително значење“, изјави министерката Сања Божиновска.

Соговорниците заклучија дека соработката и понатаму ќе продолжи, особено во делот на инвестициите во обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност на национално ниво.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content