Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Росоман.

Министерот посочи дека како владина гарнитура, остануваат цврсто посветени на политиката на нула толеранција за корупција, особено во делот на управување со институциите.

„Мора да потсетиме за разлика во едно претходно време, во време на СДСМ и ДУИ каде што се заштитуваа функционери кои што имаа направено злоупотреби, овојпат тоа не е така“, потсети министерот.

„Ги охрабрувам сите земјоделци и граѓани, доколку имаат сознанија за злоупотреби, манипулации или за било какви незаконски дејствија, веднаш да ги пријават“, порача тој.

Министерот Трипуновски очекува дека надлежните институции до крај ќе го истражат случајот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content