Во кои угостителски објекти ќе може да се пуши?

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе се најде на седница на Владата, по што ќе биде доставен до Собранието на понатамошна процедура. Министерот за здравство Азир Алиу информира дека процесот е во завршна фаза и очекува законот да биде усвоен во рок од еден до еден и пол месец.

Тој нагласи дека сите отворени прашања се веќе разгледани и затворени, по одржани состаноци со сите засегнати страни. Како што посочи, направени се детални анализи од научен, економски, инфраструктурен, социјален и здравствен аспект.

– Нема прашање што не е третирано, а е поврзано со законот. Очекувам дека многу бргу нашата земја ќе биде препознаена и во Европа и во светот. Се надевам дека за две до три години ќе имаме значително намалување на бројот на пушачи, од сегашните над 45 проценти на под 20 проценти – изјави Алиу.

Министерот појасни дека е изработена научна анализа за условите под кои одреден простор може да се класифицира како зона за пушење или непушење. Според предложените решенија, терасите со најмалку две отворени страни ќе може да се користат за пушење.

Во Скопје, како што посочи, има над 7.000 угостителски објекти со тераси, од кои голем дел немаат можност за три целосно отворени страни. Затоа, во законот е предвидено и покривот да може да се третира како отворена страна, што, според анализите, овозможува брзо прочистување на воздухот.

Дополнително, угостителите ќе треба да обезбедат посебен влез за делот каде што се пуши, одвоен од просторот за непушачи. Целта, како што истакна Алиу, е да се заштитат граѓаните што не пушат, а истовремено да се дефинираат јасни услови каде пушењето е дозволено.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content