Потпишани нови 11 нови договори за грант со општините за инвестиции во предучилишното образование

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалниците на десет општини, потпиша 11 договори за грант, со што се реализира уште една значајна мерка за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата.

Договорите се потпишани со општините Пробиштип, Босилово (за населените места Иловица и Радово), Штип, Бутел, Росоман, Чешиново-Облешево, Зелениково, Гостивар, Велес и Боговиње.

Активноста е дел од втората компонента на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (SSIP II), кој е насочен кон проширување на опфатот и унапредување на квалитетот на предучилишното образование и грижата за децата од рана возраст.

Со овие договори се обезбедува реновирање и опремување на неискористени училишни и општински простории, финансирано од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, кои ќе бидат пренаменети во функционални објекти за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. На овој начин се овозможува воспоставување на предучилишни групи во алтернативни просторни услови – решение кое е брзо, ефикасно и одржливо, и директно придонесува за зголемување на достапноста на услугите за децата и нивните семејства.

Во рамки на овој процес, во текот на минатата година беа потпишани уште два договори за опремување со општините Кавадарци и Кисела Вода. Со новите 11 договори, вкупниот број на потпишани договори достигнува 13, што претставува значаен чекор напред во системското проширување на предучилишните услуги.

Во рамки на овој процес, во текот на минатата година беа потпишани уште два договори за опремување со општините Кавадарци и Кисела Вода. Со новите 11 договори, вкупниот број на потпишани договори достигнува 13, што претставува значаен чекор напред во системското проширување на предучилишните услуги.

„Ова партнерство меѓу централната и локалната власт е доказ дека со заедничка посветеност можеме да постигнеме конкретни и видливи резултати за граѓаните. Новите предучилишни групи ќе придонесат за подобар когнитивен и социјален развој на децата, поголема подготвеност за училиште и намалување на нееднаквостите уште од најрана возраст. Министерството останува цврсто посветено на инвестиции во раното детство – затоа што токму тука започнуваат еднаквите шанси,“ порача Лимани.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content