Мицкоски во Брисел на конгрес на Европската народна партија

Од таму истакнуваат дека присуството на конгресот е потврда за цврстата определба на Република Македонија за европската интеграција, како и дека таа можност ќе се искористи за билатерални средби со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија.

Според најавата, Мицкоски со делегацијата, во чиј состав се партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски, ќе присуствува на свеченоста на Европската народна партија, која во Брисел свечено ќе ја одбележи 50-годишнината на ова политичко семејство, пет децении централна улога во изградбата на Европа, обликувајќи ја нејзината насока и бранејќи ги нејзините основни вредности.

„Присуството на премиерот Мицкоски и на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на овој висок собир претставува потврда за цврстата определба на Република Македонија за европска интеграција, како и за активна вклученост во процесите што ја дефинираат иднината на Европа. Воедно, ова учество е значајна можност за афирмација на националните интереси и за зајакнување на позицијата на државата во рамките на европското политичко семејство. Оваа можност ќе биде искористена за билатерални средби на Мицкоски и на партиската делегација со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content