Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима: Започнува постапката за подигнување ваучери, рок 30 дена

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека е објавен списокот на граѓани кои ги исполнија условите по Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред.

Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. Право на оваа поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполнија условите утврдени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

Списокот на граѓани кои се стекнале со право на поддршка е објавен на веб-страницата на Министерството.

Од 18 март 2026 година до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да се обратат во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, каде ќе треба да ги подигнат ваучерите, додека на сајтот на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е точно наведено која документација е потребна и кој е текот на процедурата за подигнување.

https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za-realizacija-vaucer-za-kupuvanje-i-vgraduvanje-na-inverter-klima-ured

https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za-realizacija-vaucer-za-kupuvanje-i-vgraduvanje-na-inverter-klima-ured

071-391-187
071-391-169

[email protected]

Рокот за подигнување на ваучерот е 30 дена од денот на објавата. По подигнувањето -Ваучерот овозможува набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври 2026 година.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content