Муцунски – Хоџа: Коридорот 8 е заеднички приоритет од значење за двете земји

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во разговорот станало збор и за европската перспектива на двете држави, како и за заедничките активности на патот кон Европската Унија.

Воедно била истакната и важноста на проектот за Коридорот 8, кој претставува заеднички приоритет од значење за двете земји, како и за унапредување на регионалната поврзаност и развој.

„Министерот Муцунски ја истакна важноста на македонското национално малцинство во Албанија, кое претставува значаен мост на пријателство и дополнително придонесува за продлабочување на односите меѓу двете држави. Воедно, министрите разговараа и за Охридското Езеро, обврските што произлегуваат од УНЕСКО, како и за заедничката одговорност за неговата заштита и одржливо управување со регионот“ се наведува во соопштението.

Двајцата министри размениле мислења и за актуелните прашања од регионалната соработка, при што ја нагласиле важноста од негувањето на добрососедските односи и заедничкиот придонес на двете земји кон стабилноста и безбедноста во регионот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content