Шилегов укажува на апсурдот во случајот „Пулс“: Обвинителството се повикува на „континуитет“, а објектот во моментот на пожарот работел на црно!

Адвокатот Петре Шилегов во своето најново интервју жестоко ја критикуваше логиката на Јавното обвинителство во судскиот процес за трагедијата во кочанското кабаре „Пулс“, посочувајќи на сериозен правен парадокс. Според Шилегов, обвинителството неосновано се повикува на некаков „каузалитет“ и „континуитет“ за издавањето на лиценците наназад низ годините, додека ја игнорира фактичката состојба на терен.

„Јавниот обвинител не е виновен, а криви ни се градоначалници, службеници, инспектори… Па што правеше обвинителот таму 12 години? Од 2012 година работи ‘Пулс’ и сега се повикува на некаков си каузалитет и континуитет“, изјави Шилегов, прашувајќи како може сите локални институции да бидат виновни, но не и обвинителството кое како независен орган требало да ги гони кривичните дела.

Тој пред јавноста појасни дека правно гледано, не може да постои континуитет кај лиценците за работа. „Лиценцата е годишен документ, се издава за точно определен период ‘од-до’ и тука нема каузалитет. Ново барање значи нова лиценца“, нагласи Шилегов, додавајќи дека е апсурдно сега да се обвинува човек за документ кој бил издаден уште во 2013 година.

Како врв на овој правен парадокс, Шилегов откри еден клучен детаљ: во моментот кога се случила кобната трагедија со пожарот, објектот воопшто немал валидна документација, односно работел целосно на црно.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content