Алиу: Усвоен првиот Национален план за справување со масовни жртви, подготвени и протоколи за изгореници и трауми

Министерот за здравство, Азир Алиу одржа завршно обраќање на денешната Меѓународна конференција посветена на „Институционалните и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“.

-Оваа конференција ни покажа дека заедничката интерсекторска соработка е двигател на промените во системот. Имавме можност да слушнеме различни аспекти и механизми на справување со настани од ваков тип, а ги споделивме и лекциите кои нашата држава ги научи од овој траорен настан. Трагедијата во Кочани уште еднаш потврди дека при настани со масовни жртви не е доволна само брза реакција, потребен е и однапред подготвен, прецизно структуриран и институционално усогласен систем на постапување. Токму затоа, наш приоритет беше научените лекции да ги преточиме во конкретни, одржливи и применливи механизми, рече министерот Алиу.

Тој истакна дека на минатата владина седница е усвоен национален план за справување со масовни жртви, кој првпат е подготвен во нашата држава. Усвојувањето на овој план е во согласност со препораките на Светската здравствена организација, Европскиот механизам за цивилна заштита, стандардите на НАТО и меѓународните здравствени регулативи, а со неговото имплементирање ќе се овозможи намалување на смртноста и зголемување на преживувањето при масовни инциденти, унапредување на координацијата меѓу институциите и побрз одговор.

-Националниот план за справување со масовни жртви е институционална оперативна алатка што треба да овозможи рационално користење и распределба на ограничените човечки и материјални ресурси, подобра комуникација меѓу институциите и побрз и поефикасен одговор во ситуации со масовни жртви. Овој документ е основа врз која ќе продолжиме да градиме систем на редовни обуки, симулациски вежби, проверка на капацитетите и континуирано унапредување на подготвеноста. Затоа, Националниот план за справување со масовни жртви треба да се гледа како почеток на нова фаза во јакнењето на здравствената безбедност и институционалната отпорност на државата, истакна Алиу.

Во рамки на завршното обраќање, министерот Алиу се осврна и на подготвениот прв национален протокол за изгореници, кој претставува клучен чекор во стандардизирањето и унапредувањето на третманот на пациентите со изгореници на национално ниво.

Во рамки на завршното обраќање, министерот Алиу се осврна и на подготвениот прв национален протокол за изгореници, кој претставува клучен чекор во стандардизирањето и унапредувањето на третманот на пациентите со изгореници на национално ниво.

Воедно, тој информираше дека е започнат и поширок процес на суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку модернизација на итната медицинска помош и воведување на профилот парамедик, лиценцирање на EMT Type 1 тим согласно меѓународните стандарди, со што државата создава нова оперативна способност за брз и структуриран медицински одговор при кризни состојби. За оваа година, Владата донесе одлука да се обезбедат 100 нови возила за Итната медицинска помош, со проектна вредност околу 7,5 милиони евра, што ќе значи сериозно зајакнување на капацитетите на оваа служба.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content