Хоџа на првиот состанок на БИОФИН

Проектниот одбор на проектот „Финансирање на биодиверзитетот (БИОФИН)“ денеска го одржа првиот состанок, на кој имаше говор министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, а присуствуваа и резидентниот претставник на УНДП Армен Григоријан и заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Како што информираат од МЖСПП, во својот говор министерот Хоџа истакна дека Министерството континуирано работи на заштита и зачувување на биолошката разновидност, унапредување на системот на заштитени подрачја и усогласување на националното законодавство со европските директиви. Тој посочи дека во изминатиот период е постигнат значителен напредок во валоризацијата на природните вредности и во процесите за прогласување нови заштитени подрачја.

Според министерот Хоџа, во услови на растечки притисоци врз природата, потребен е системски и финансиски одржлив пристап за заштита на биодиверзитетот.

-Проектот БИОФИН ни дава можност природата да ја поставиме како централна вредност во креирањето политики и буџети, преку соработка на институциите и партнерите и воспоставување долгорочен и ефикасен систем за нејзина заштита, истакна Хоџа.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content